Политика за приватност

Политиката за приватност на личните податоци на веб-страната го уредува начинот на кој Кафе Вендинг Група ги собира, користи, одржува и открива податоците собрани од корисниците (поединечно – „корисник“) на www.kafevending.com.mk веб-страната. Оваа политика за приватност се однесува единствено за веб-страницата.

Кои лични информации ги собираме?

Кафе Вендинг Група ги собира следните податоци при посета на страната:

  • Лични идентификациски информации

Ние може да собираме лични идентификациски информации од корисниците на разни начини, а во врска со активностите, услугите, карактеристики или достапните ресурси на веб-страната. Корисниците може да ја посетат веб-страната и анонимно. Ние ги собираме личните идентификациски информации од корисниците единствено доколку тие самите се согласат да ги достават до нас. Корисниците може во секое време да одбијат да ги достават личните идентификациски информации, освен доколку тоа ги спречува во остварување на одредени активности поврзани со посетата на веб-страницата.

  • Колачиња на интернет пребарувачот

Нашата веб-страна може да користи колачиња за да се подобри корисничкото искуство. Интернет пребарувачот на корисникот ги чува колачињата на нивниот компјутер заради цели на чување на записи за посетите на веб-страницата. Корисниците може да изберат да ги подесат нивните интернет пребарувачи да ги одбијат колачињата или да јават предупредување секогаш кога колачињата ќе се пратат. Доколку корисниците ја одберат таа можност, одредени делови од веб-страницата може да не функционираат како што е предвидено.

Кога ги собираме информациите?

Ние ги собираме информациите од корисниците кога се регистрираат во електронската продавница или кога треба да се изврши нарачка.

Како ги користиме собраните информации?

Кафе Вендинг Група ги собира и користи информациите од корисниците за следните цели:

  • За подобрување на нашата веб страница
    • За подобрување на услугите кон клиентите
    • За администрирање на содржината, промоциите, анкетите и други функционалности на веб страницата.
  • За праќање на корисничките информации кои ќе се согласат да ги примаат за содржини кои мислиме дека се од нивен интерес.

Како ги штитиме информациите на корисниците?

Ние применуваме сигурносни мерки при прибирање, чување и процесирање на информациите заради заштита од неавторизиран пристап, промена, откривање или уништување на вашите лични податоци како и податоци кои не се лични а се складирани на нашата веб страница.

Обработка на  личните информации на корисниците

Ние не ги продаваме, разменуваме или изнајмуваме корисничките лични идентификациони информации на трети лица. Личните податоци може да се откријат само во согласност со законските прописи наведени во регулативата за заштитата на личните податоци како и останатата важечка регулатива.

Веб-страници на трети лица

Корисниците може да најдат реклами или друга содржина на нашата веб-страна кои водат кон други веб-страници и сервиси на наши партнери, добавувачи, рекламни фирми, спонзори, лиценцни фирми и останати трети лица. Ние не ја контролираме содржината или врските кои се присутни на тие веб-страници и не сме одговорни за постапките на вработените од веб-страниците кои се поврзани кон или од нашата веб-страна. Дополнително, наведените веб-страници или сервиси, вклучувајќи ги содржината и врските, може постојано да се менуваат. Наведените веб-страници или сервиси може да имаат сопствени политики за приватност на личните податоци на нивните веб-страници и посебни политики за односи со клиенти.

Промени во политиката за приватност на личните податоци

Кафе Вендинг Група има право да ја ажурира оваа политика за приватност на личните податоци во било кое време. Кога тоа ќе го направиме, ќе дадеме известување на главната страница на Веб-страната и ќе го ревидираме датумот на ажурирање на крајот на оваа страница. Им обврнуваме внимание на  корисниците често да ја проверуваат оваа страница за било какви измени за да бидат информирани на кој начин овозможуваме заштита на личните податоци кои ги прибираме. Корисникот прифаќа и се сложува дека е негова/нејзина одговорност периодично да ја проверува политиката за приватност и дека станал свесен за промените.

Прифаќање на условите

Со користење на оваа веб-страна, Корисникот се сложува со одредбите од политиката за приватност на личните податоци на веб-страната. Доколку не се сложувате со политиката, ве молиме не ја користете нашата веб-страна. Вашето континуирано користење на веб-страната следејќи ги промените на оваа политика ќе се смета за ваше прифаќање на дадените промени.

Контактирајте нé

Доколку имате прашања во врска со политиката за приватност на личните податоци на веб-страната, практиките или комуникацијата со страната, ве молиме контактирајте нé на:

Кафе Вендинг Група
Улица: 1550 Број: 14, Визбегово
1000 Скопје, Македонија
info@kafevending.com.mk