Политиката за приватност се однесува на доверливоста на личните податоци кој се собрани при процесот на регистрација на Корисниците на веб страната kafevending.com.mk, односно во процесот при регистрација на Корисник како примател кој се согласува да добива известувања за производите и промоциите на веб страната kafevending.com.mk.

Оваа Политика за приватност е составен дел од Општите услови за работа на Кафе Вендинг Група. Кафе Вендинг Група, како давател на услугите на веб страната kafevending.com.mk, се придржува до важечките прописи со цел заштита на приватноста на своите Корисници односно Корисници. а особено на Законот за заштита на личните податоци. Во овој документ е опишано како контролорот на податоци Кафе вендинг група дооел Скопје, ул.1550 бр.50 Визбегово Скопје MK, 1000 (во понатамошен текст Кафе Вендинг Група) ги обработува личните податоци.

Се упатуваат Корисниците на веб страната на Кафе Вендинг Група (во понатамошниот текст Корисници) кои се приматели на известувањата за производите и промоциите на да прочитаат се што е наведено на оваа страна за полесно да разберат кој податоци Кафе Вендинг Група ги собира и обработува и за која цел, врз база на кои законски основи, со кого и зошто ги споделува, кој заштитни мерки ги спроведува, како и кој се вашите права поврзани со пристапот до лични податоци, корекција, бришење и вашето право на приговор.

Секој Корисник или Корисник кој има било какви прашања поврзани со личните податоци може да ги испрати преку електронска пошта на следнава електронска адреса info@kafevending.com.mk

Офицер за заштита на личните податоци во Кафе вендинг група дооел Скопје е Наташа Кировска Павлеска, кој може да се контактира на следниот телефон: 078 888 855 или преку следната емаил адреса: info@kafevending.com.mk

Со прифаќање на оваа Политика за приватност со кликнување на формата за регистрацијата на Купувачот односно при најавување на веб страната kafevending.com.mk од страна на Корисникот што прима известувања за производите и промоциите на Кафе Вендинг Група, Корисникот потврдува дека ги прочитал, разбрал и се согласил за обработка на личните податоци кои се утврдени со оваа Политика.

 

Каков тип на лични податоци собира и обработува Кафе Вендинг Група преку веб страната kafevending.com.mk?

За време на регистрација на лице како Корисник на kafevending.com.mk веб страната, од Корисникот ќе побара обезбедување на одредени информации за себе (лични податоци) како име и презиме, адреса (вклучувајќи и поштенски код) , електронска адреса, телефонски број, датум на раѓање (опционално), корисничко име и лозинка.

За време на регистрација на лице како Корисник на примател на известувања за производи и промоции на kafevending.com.mk веб страната, Кафе Вендинг Група во продолжение од Корисникот ќе побара да внесе информации за себе (лични податоци) и тоа: име и електронска адреса.

Давањето на лични податоци е одлука на Корисникот. Доколку Корисникот не ги обезбеди потребните задолжителни информации за одредена активност што е побарана, нема да му биде дозволено вклучување во таа активност, бидејќи без тие податоци активноста нема да биде технички изводлива.

Покрај овие информации, ние автоматски собираме податоци од вашиот компјутер, што може да вклучува IP-адреса, а има ситуации кога автоматски собираме и друг тип на податоци, како што се датум и време на пристап до веб страната kafevending.com.mk, информации за хардверот и софтверот или интернет пребарувачот кој го користите како и оперативниот систем на вашиот систем и верзија на апликацијата и јазичните поставувања.

Исто така може да собираме информации за кликовите на веб страната kafevending.com.mk.

Кафе Вендинг Група ги советува Корисниците да се грижат за својата лозинка за најавување на корисничката сметката на веб страната kafevending.com.mk. Препорачуваме да користите големи и мали букви, како и броеви при изборот на комбинација на знаци за вашата лозинка, исто така должината на лозинката да биде најмалку од шест карактери. Препорачуваме да ја менувате лозинката периодично (барем еднаш на три месеци).

 

За каква цел Кафе Вендинг Група собира и обработува лични податоци?

Кафе Вендинг Група ги собира и обработува личните податоци за Корисникот на веб страната kafevending.com.mk заради спроведување на безбедна проверка на автентичноста на Корисникот кој пристапува на веб страната kafevending.com.mk, реализација на договори за набавка на производи и услуги, испорака на производи и услуги до Корисникот, комуникација со Корисникот, можни законски процедури поврзани со реализација на договорот, а применуваме и автоматизирани процеси за обработка со цел постојано да ги подобруваме нашите процеси во интерес на Корисникот, за понудата на Корисникот да биде што е можно повеќе персонализирана според неговите потреби и да ја прилагодиме нашата понуда на производи и услуги врз основа на навиките и потребите на нашите Корисници.

Кафе Вендинг Група ги собира и обработува личните податоци на Корисникот за примените известувања за производите, услугите и промоциите со цел за испраќање на известувања, покани за учество во наградни игри преку електронска пошта, социјални мрежи или други канали за комуникација на кои претходно сте се пријавиле, евентуални можни правни постапки поврзани со договорот, за креирање на кориснички профил за добивање на индивидуални известувања, истражувања на пазарот и подобрување на ефикасноста и квалитетот на нашите услуги.

 

Политика за малолетни лица

Ние не собираме податоци за деца. Ако откриеме дека такви информации се пренесени кај нас без согласност од родител или старател на деца помлади од 18 години, ние ќе ги отстраниме без одложување. Малолетни лица на возраст под 18 години не смеат да ја користат веб страната kafevending.com.mk.

Ниту еден дел од веб страната kafevending.com.mkне е дизајнирана да привлече било кого кој е помлад од 18 години.

 

Која е правната основа за обработка на лични податоци?

Корисникот со внесување на неговите лични податоци и потврдување (кликнување) за прифаќање на Општите услови на работа и оваа Политика за приватност, стапува во договорна врска која е основ за купување на производи и услуги по избор на Корисникот на веб страната kafevending.com.mk, а која е содржана во Општите услови на работа. Обработката на овие лични податоци е легална затоа што се преземаат активностите на барање на Корисникот со цел да се реализира набавка на производи и услуги нарачани од Корисникот, како и склучениот договор во кој е Корисникот е купувач.

Корисникот кој се пријавува за да добива известувања за производи и промоции со внесување на своите податоци на веб страната на Кафе Вендинг Група и со двојно потврдување на исправноста на електронската адреса, дава дозвола за обработка на неговите лични податоци. Корисникот може да ја повлече согласноста за известувања во било кое време со испраќање на електронска пошта на Офицерот за заштита на личните податоци на емаил info@kafevending.com.mk

 

Со кои приматели Кафе Вендинг Група ги споделува личните податоци?

Кафе Вендинг Група нема да ги споделува личните податоци на Корисникот со други страни, освен во случаи наведени во следната точка и во ситуација кога тоа го бараат правните регулативи.

Кафе Вендинг Група, при барање на реализирање на договорот за купување на производи или услуги нарачани од Корисникот, ќе ги сподели личните податоци на Корисникот со:

  1. Давателите на услуги за дистрибуција на стока со кој има постојан договор за соработка и за таа цел да исполнуваат нарачки, да испорачуваат пакети, да испраќаат пошта и електронска пошта. Давателот на услуги за дистрибуција може да ја побара на увид личната карта од Корисникот при личното превзимање на производите, а се со цел за реализација на услугата за испорака на пакетот и евиденција за тоа кој го превземал пакетот. Доколку Корисникот одбие да ја даде оваа информација, пакетот нема да му биде предаден.
  2. Давателите на услуги во овластен сервис во случај Корисникот да поднесе жалба, рекламација за производот и доколку е потребна проверка на производ или да побара сервисирање на производот кој го купил, се со цел да може да ја реализира услугата за поправка, сервисирање или проверка на производот од страна на овластениот сервис.

 

 

Рок на чување на личните податоци

Кафе Вендинг Група ги чува личните податоци на Корисниците кој се регистрирани на веб страната kafevending.com.mk во период додека се постигне целта за обработка, а тоа е период од моментот кога регистрацијата е активна и шест месеци по прекинување на регистрацијата на Корисникот, период во кој ќе бидат решени сите жалби од претходниот период. Кафе Вендинг Група ги чува личните податоци на регистрираните Корисници кој примаат известувања за производи и промоции за период додека се постигне целта за обработката, а тоа е периодот до моментот кога регистрацијата е активна.

 

Пристап и корекција на лични податоци – право на корекција и дополнување

Корисникот во секој момент имаат можност да пристапат до своите лични податоци по регистрацијата на веб страната преку делот „Мој профил“, каде што имаат можност да ги ревидираат своите лични податоци што ги споделиле со Кафе Вендинг Група, а во согласност со Законот за заштита на личните податоци. Корисникот и Корисникот може да побараат и да добијат од Кафе Вендинг Група комплетна информација за личните податоци кои се сочувани, како и корекција на истите со испраќање на електронска порака на електронската адреса за заштита на лични податоци: info@kafevending.com.mk

 

 

Бришење на лични податоци (право на бришење на лични податоци)

Корисникот и Корисникот имаат право во секое време да побараат бришење на личните податоци согласно Законот за заштита на личните податоци. Корисникот тоа може да го оствари со испраќање на електронска порака на електронската адреса на Офицерот за заштита на лични податоци на info@kafevending.com.mk. и податоците ќе бидат избришани во рок од 30 дена. Корисникот има можност да поднесе барање за бришење на секое известување добиено од Кафе Вендинг Група преку електронска пошта, односно може да испрати електронска порака на eлектронската адреса на Офицерот за заштита на лични податоци на info@kafevending.com.mk. во која ќе наведе дека сака неговите лични податоци да бидат избришани.

 

Право на приговор

Доколку и покрај сите преземени мерки за заштита на личните податоци, сметате дека имате основ за приговор, контактирајте го Офицерот за заштита на лични податоци на info@kafevending.com.mk. Секако дека имате право и да поднесете пријава до надлежниот орган.

 

Сигурносни мерки за заштита на личните податоци

Собраните податоци се во електронска форма и се заштитени со SSL сертификат кој ги енкриптира податоците и со тоа се обезбедува комуникацијата помеѓу компјутерот на Корисникот или Корисникот и Кафе Вендинг Група да се одвива преку безбеден протокол. Кафе Вендинг Група сериозно ја сфаќа заштитата на податоците и превзема различни мерки на претпазливост за да ги заштити личните податоци. За жал, ниту еден пренос на податоци преку Интернет или било која безжична мрежа, не може да биде 100% сигурен. Како последица на тоа, иако Кафе Вендинг Група спроведува разумни заштитни мерки за заштита на податоците, не може да гарантира заштита на било какви информации пренесени од или на веб страната kafevending.com.mk и не е одговорен за постапките на било која трета страна што прима такви информации.

 

Измени на Политиката за приватност

Оваа Политика за приватност на Кафе Вендинг Група, може да се измени во секое време со објавување на изменетиот текст на Политиката за приватност на веб страната kafevending.com.mk.

Затоа Кафе Вендинг Група ги советува Корисниците периодично да ја прегледуваат оваа Политика за приватност, што ќе укаже на нови промени, доколку ги има. Доколку Корисникот не се согласува со оваа Политика за приватност, ги советуваме да заминат и да не пристапуваат и ја користат веб страната kafevending.com.mk.

Промената на Политиката за приватност стапува на сила веднаш по објавувањето на веб страната kafevending.com.mk.

Продолжување на користење на веб страната kafevending.com.mk од страна на Корисникот и Корисникот, по стапувањето во сила на промената подразбира дека Корисникот и Корисникот ги потврдуваат и прифаќаат промените во Политиката за приватност.

 

Правила за колачиња

Што се колачиња?

Правила за постапување со„колачиња“

За да функционалностите на нашата веб страна се на високо ниво, користиме технологија позната како “колачиња”.

Колаче (eng. Cookie) е мал податок со мала големина кој веб страната ја сочувува во компјутерот или на мобилниот уред на посетителот. Колачето овозможува веб страната да ги „запомни“ постапките на посетителите од претходните посети. Повеќето пребарувачи дозволуваат користење на колачиња, меѓутоа корисникот во секое време може да ги избрише или во пребарувачот да постави забрана за чување на истите.

Најчестите причини за користење на колачиња се: идентификување на посетители, запомнување на специфични кориснички преференци, помагање во внесување на информации што веќе биле внесени за време на претходните посети, собирање податоци за анализа и промотивни кампањи.

 

Колачињата можат да се класифицираат:

Според времетраењето:

Привремени колачиња – се чувуваат на вашиот компјутер и автоматски се бришат по затварање на пребарувачот. Тие овозможуваат навеб страната да добие привремени информации, како што се коментарите или статусот на кошничката за купување.

Постојани колачиња – остануваат во вашиот пребарувач дури и по затворање на истиот и обично имаат датум на истекување. Тие чуваат информации какви што се корисничкото име и лозинката, што ви овозможува да ја користите функцијата „запамти ме“ при најавување, за да не мора да ги внесувате корисничкото име и лозинката секој пат кога ќе ја посетите веб страната. Ние користиме постојани колачиња за да го олесниме пристапот на регистрираните корисници.

 

Според изворот од каде доаѓа:

Колачиња од прва страна – доаѓаат од веб страната што сте ја посетиле и можат да бидат привремени или постојани. Тие и овозможуваат на веб страната да ги чува податоци кои се користат кога корисникот повторно ќе ја посети веб страната.

Колачиња од трета страна – има неколку надворешни сервиси кои чуваат ограничени колачиња за корисникот (Facebook, Instagram, Google Analytics и AdWords).

 

Според целта:

Неопходни колачиња: Тие се клучни за користење на веб страната и без истите страницата ќе ја нема целосната функционалност. Функционалните колачиња може да вклучуваат колачиња кои обезбедуваат услуга која корисникот ја побарал.

Статистички колачиња: Се собираат анонимно, тие не можат да ја следат активноста на корисникот на други веб страни и се користат за следење на однесувањето на корисниците и за мерење на однесувањето на публиката и составување на извештаи за подобрување на веб страната.

Маркетинг колачиња: Служат за персонализирање на понудата, таргетирање и рекламирање: Се користат за прикажување реклами релевантни за корисникот и неговите интереси. Овие колачиња може да се користат и за мерење на ефективноста на кампањата со која корисникот бил во контакт за време на посетата на веб страната.

 

Кои опции ви се достапни?

Ние ви овозможуваме во било кое време да ги ажурирате поставувањата за колачиња. Истотака, можете во било кое време да ги избришете колачињата.

Во поставките можете да изберете кои колачиња сакате да ги прифатите.

 

Кои опции ви се достапни?

Во поставките на пребарувачот, како што се Internet Explorer, Safari, Firefox или Chrome, можете да наведете кои колачиња сакате да ги прифатите, а кои да ги одбиете. Каде можете да ги најдете поставките, зависи од типот на пребарувачот. Користете ја опцијата „помош“ во пребарувачот за да ги пронајдете потребните поставки.

 

Доколку изберете опција дека не сакате да прифаќате одредени колачиња, можеби нема да можете да користите одредени функции на веб страната kafevending.com.mk.